ЈОУ Библиотека „Феткин“ Кавадарци

Facebook страна Instagram Прашај го библиотекарот! Нашата локација
 
Home За нас Историјат за библиотеката
Историјат за библиотеката PDF Печати Е-пошта

a_logo_Fetkin

Корените на библиотекарството на подрачјето на општина Кавадарци ги наоѓаме во манастирите кои се во непосредна близина на општината. Се до првата половина на XIX век црквите и манастирите се главни културно-просветни жаришта во Македонија.

Првото читалиште е формирано 1870 година во Ваташа. Откриени се околу 10 ракописи на досега непознат македонски книжевник, свештеникот Глигор Хаџи-Орданов од Ваташа кои потекнуваат од XIX век.

 Во посовремена форма читалиштето во Кавадарци се формира 1935 година и е наречено ,,Тиквеш,,. Тоа е плод на интелектуалната младина кое свотео школување го формира во развиените културни центри. Младите своите идеи ги преточуваат во реалност, настојувајќи да ги пренесат сознанијата на својот народ и издигање на неговата свест. Знаејќи дека самоизградувањето е можно преку читање на книги, односно преку библиотеката всушност се раѓа и идејата за создавање на библиотека т.е читалиште и како таква опстојува се до 1940 година, а 1941 година е затворено, но 1942 година повторно започнува со работа.

По ослободувањето Библиотеката работи во состав на гимназијата. На 16ти Мај 1945 година се одделува од гимназијата, а од 1953 година работи како самостојна установа

На 28.12.1961 година врз основа на член 52 став 2 од Законот за библиотеки на СРМ и член 27 од Статутот на општина Кавадарци е донесена Одлука бр.11/221 со која Градската Библиотека се прогласува за матична на подрачјето на општината, а 1964 година добива свој простор во новата зграда на Домот на културата, во кој простор се наоѓа и денес.

Но, во 2006 година со донација од Кралството Норвешка и подршка од Градоначалникот и Советот на општина Кавадарци, библиотеката е целосно реновирана при што е сменет целокупниот нејзин лик. Таа денес е современ, мултикултурен граѓански информативен центар – центар од кој поаѓа првата информација значајна за задоволување на културните потреби и желби на граѓаните, значајна за научно – истражувачката дејност, значајна за развојот на образованието, културата, а во поново време и за развојот на стопанството и другите дејности.

Денес библиотеката ,,Феткин,, располага со над 100 000 библиотечни единици.

Својата дејност ја одвива преку неколку оддели:

  • Раководење, административно-финансиски и технички работи;
  • Оддел комплетирање на библиотечен материјал, прием и техничка обработка;
  • Оддел изработка и организација на каталозите (монографски и сериски публикации);
  • Оддел информативно-позајмна дејност;
  • Оддел матична дејност и развој на библиотекарството во општина Кавадарци;
  • Оддел за роднокрајна и библиографска дејност

Примарна и основна цел на библиотеката е негување на читателските навики кај најмладите, популаризација на книжниот фонд како и следење на издавачката продукција. Библиотеката е исто така учесник во сите културни манифестации што се случуваат на локално ниво и е во постојана соработка со сите културни институции во градот како и со локалната самоуправа.

 

Корисни податоци

Препорачани книги

  • Грешница - Весна Радусиновиќ
  • Роберт Ладлам-Московски вектор
  • Венецијанското предавство - Стив Бери
Previous Next

Препорачани детски книги

  • Супердевојче-Томе Арсовски
  • Чудна случка во ноќта- Марк Хадон
  • Чудна случка во ноќта-Марк Хадон
  • Јулски дневник-Бошко Смаќоски
  • Девојчето од шестата месечина - Муни Вичер
Previous Next

Виртуелна библиотека на Македонија

Банер

Работно време

понеделник 08:30 - 19:00
вторник 08:30 - 19:00
среда 08:30 - 19:00
четврток 08:30 - 19:00
петок 08:30 - 19:00
сабота /
недела /

Библиотека Феткин на Facebook

Facebook Image

Најчитани книги

  • Џеноф Пам-Сопругата надипломатот
  • Ден Браун-Ангели и демони
  • Девојката која играше со оган - Стиг Ларсон
  • кристин каст-избрана
  • Девојката со тетоважа на змеј - Стиг Ларсон
  • мерилин кеј-далеку од очи далеку од срце
  • Девојката што го урна осилото - Стиг Ларсон
Previous Next

Најчитани детски книги

  • Ривали - Синди Џефрис
  • Хари Потер и полукрвниот принц - Џ. К. Раулинг
  • Новородена ѕвезда-Синди Џефрис
  • Нина и клетвата на пернатата змија - Муни Вичер
  • Посегнете по ѕвездите
  • Тајни амбиции- Синди Џефрис
  • Девојчето од шестата месечина - Муни Вичер
Previous Next

[+]
  • Increase font size
  • Decrease font size
  • Default font size
  • default color
  • blue color
  • green color