Промоција на книга "Земна и небесна екстаза" - светска љубовна поезија и сликарство Печати
вторник, 03 мај 2016 09:54

Во организација на ЈОУ Библиотека "Феткин", Дом на Култура "Иван Мазов Климе" и Градоначалник и совет на општина Кавадарци на 27 Април 2016 год во просториите на библиотеката "Феткин" се одржа промоција на книгата "Земна и небесна екстаза" од Ефтим Клетников и Климе Коробар

 

Во оваа поетско-ликовна антологија, мала по обем, сепак според квалитетот на храната, се нуди богата естетска гозба од поезија и сликарство, кои се неразделни едно од друго и се поврзуваат и се дополнуваат на најубав начин како единствена органска целина. Всушност, и класичната дефиниција за поезијата во таа смисла вели дека поезијата е уметност на мислење во слики. Евангелието по апостол Јован нагласува дека "на почетокот беше Зборот", неразличен од Творецот, а кој со него го создал светот, што значи дека тој едноставно е изговорен. Тој е таков, составен од зборови, но тие зборови, сепак не се ништо друго туку слики.

 

Ефтим Клетников.

P5030001

P4270002

P4270003

P4270004

P4270005

P4270009

P4270011

P4270012

P4270014

P4270016

P4270019

P4270024

P4270028

P4270034