Повик за членови за формирање на Клуб на друштвени игри Печати
понеделник, 01 јули 2019 12:50

ЈОУ Библиотека „Феткин“ Кавадарци објавува повик за членови за формирање на Клуб на друштвени игри. Единствен услов кој треба да го исполнуваат кандидатите е да сакаат друштвени игри (Board games) од сите категории. Ветуваме пријатна атмосфера и невидена забава. Сите заинтересирани да се пријават на линкот подолу или директно во просториите на библиотеката.

Линк до повикот.